33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Косово со историски пласман, но УЕФА веднаш даде забрана дека не смее да игра со една репрезентација

Репрезентацијата на Косово направи голем успех откако успеа да се пласира во Б сегментот од Лига на нации. Пред само неколку години КОсово беше во најслабиот Д сегмент, но со добри резултати оваа селекција напредуваше прво во Ц сегментот, а вечерва избори место во Б сегментот.

Косово во двомечот против Исланд два пати победуваше. Во Приштина беше 1:0, а вечерва на реваншот во Рејкјавик блесна блесна Ведат Муриќи со постигнување на хет-трик.

По мечот, стана јасно дека Косово е во Б сегментот, но таму сигурно нема да смее да се падне со една селекција, а тоа е Босна и Херцеговина. Репрезентацијата на БиХ испадна од А сегментот и ќе биде дел од Б сегментот, а УЕФА уште од претходно има донесено одлука дека Косово и БиХ не смеат да бидат во иста група.

Тоа значи дека кога ќе биде ждрепката за групите од Б сегментот, Косово и БиХ ќе мора да се „разминат“.

- Оглас -

Најнови вести