Косово „украде“ швајцарски репрезентативец како засилување за дуелот против Македонија

Косовската фудбалска репрезентација речиси сигурно ќе добие нов играч откако Анди Зекири одличил да игра за земјата од која потекнуваат неговите родители. Зекити е талентиран 20-годишен напаѓач кој игра за тимот на Лозана. Дека се работи за одличен голгетер, потврдува фактот што сезонава во 21 меч даде 16 погодоци.

Зекири има настапи за младите репрезентации на Швајцарија за играчи до 17, 19 и 21 година, но сепак уште нема дебитирано за сениоскиот тим, па може да одбере Косово да биде неговата нова репрезентација. Зекири е роден во Лозана, но неговите родители се од Косово, па решил да игра за оваа селекција. За Швајцарија до 21 година има седум меча и шест гола, а посебно блесна на дуелот со Франција, когадва пати ја затресе мрежата на Галските петли.

Дека го одбрал Косово пред Швајцарија, потврдува и фотографијата на Зекири со претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми. Карактеристика за овој играч е што подеднако добро игра со двете нозе.

Косово е противникот на Македонија во полуфиналето од плејофот за пласман на Европското првенство 2020 година. Дуелот ќе се игра на 26 март во Скопје, а Зекири може да биде едно од изненадувањата за македонскиот состав. Победникот од овој меч ќе игра финале кое ќе носи место на континенталниот собир.

- Оглас -

Најнови вести