-3.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Косовскиот првак атакува на победа, ќе заврши ли кризата на Ајакс?

6034 Брајтон – Ајакс (21 ч.)

Ова е голема шанса за Брајтон да стигне до првата победа во Лигата на Европа. За тоа колку Ајакс е во очајна форма, покажува и фактот дека холандскиот гигант во домашното првенство е на претпоследното место на табелата само со пет бодови.

Одбраната на Ајакс е очајна, а и Брајтон во европското натпреварување досега не се покажа како сигурен во дефанзива, па едноставно ова треба да биде дуел со погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.74)

 

6025 Олимпијакос – Вест хем (18:45 ч.)

За грчкиот гигант ова може да е последна шанса да остане во трка за едно од првите две места во групата, но против себе имаат квалитетен ривал. Вест хем е со максимални шест бода и тим кој сигурно ќе атакува на нов триумф.

На девет од последните 10 меча на Олимијакос имало барем три погодоци, па се очекува и сега да биде ефикасно.

Предлог тип: Х2&3+ (2.75)

 

6036 Ливерпул – Тулуз (21 ч.)

Англискиот тим е огромен фаворит за победа, а за Тулуз ќе биде премија ако не загуби.

Француската екипа сезонава е мајстор за нерешени (пет ремија во 9 кола во Лига 1), но тимот на Јирген Клоп сигурно нема да дозволи таков луксуз да не се радува на „Енфилд роуд“.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.87)

 

6726 Балкани – Астана (18:45 ч.)

Косовскиот првак во претходното коло стигна до најважната победа откако со 2:0 го победи Динамо Загреб и покажа дека има квалитет за евронастапите. Сега Балкани на свој терен игра против Астана, која е без ниту еден бод. Домаќините осоколени од успехот против Динаммо ќе атакуваат на уште една победа, која може многу да им значи за останување во игра барем за второто место во групата.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

6785 Бодо/Глимт – Бешикташ (21 ч.)

Дуел на две екипи коишто имаат само по еден бод по две кола во групата. Бодо/Глимт знае да изненади, но Бешикташ секако има свои калкулации. Бидејќи за двата тима ова е меч кој треба да се победи, може да очекуваме отворена игра и фајтерски фудбал со погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)

- Оглас -

Најнови вести