Косовскиот првак Балкани не успеа по вторпат само за седум дена да направи ново изненадување во дуелот против Сиваспор, во Конференциската лига на нации. Балкани минатиот четврток победи со 4:3 на гости во Турција, а овојпат на полувреме водеше со 1:0, но на крајот загуби со 1:2.
Сиваспор со два гола во последните 20 минути направи пресврт и стигна до седум бода за прво место во групата каде што 7 бода има и Клуж, а по четири бодови имаат Славија Прага и Балкани.
Балкани е првиот косовски тим кој игра во групна фаза од УЕФА натпреварување, и тоа откако во плејофот го елиминираше Шкупи.
Во останатите мечеви кои вечерва се играа во Конференциската лига: ФЦСБ – Силкеборг 0:5, Хапоел бер Шева – Лех 1:1, Ница – Словачко 1:2, Шемрок – Молде 0:2, Вадуз – Днипро 1:2, Вест хем – Андерлехт 2:1, Жалгирис – Пјуник 2:1.