Косовското знаме се вееше на конгресот на УЕФА во Белград (Видео)

Конгресот на УЕФА предизвика многу реакции поради присуството на косовско знаме во Белград.

Косово е членка на УЕФА, но Србите не ја признаваат таа земја која ја сметаат за своја територија.

Претседателот на Фудбалската федерација на Косово (ФФК), Агим Адеми, позираше со знамето, а таа снимка која може да ја видите ТУКА, ги разбесни Србите. Од Фудбалскиот сојуз на Србија објавија соопштение во кое му се извинија на народот за пропустот на организаторот УЕФА и тврдат дека биле тргнати сите знамиња, дури и оние малите кои стоеле пред секој учестник.

Се појави и снимка на која навивачи на Црвена ѕвезда влегуваат во „Сава центарот“, го земаат знамето и го запалиле.

Од ФФК напишаа дека Косово учествувало со државни симболи на Конгресот на УЕФА во Белград како и сите други и дека Србите ги тргнале знамињата по состанокот, но фактите го покажуваат спротивното. Пред нивните претставници го имаше само логото на Федерацијата.

- Оглас -

Најнови вести