Коста е љубоморен на Гриезман – Сака иста плата како Французинот

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, наводно бара обнова на договорот со клубот со цел да извлече поголема плата. Како што известуваат шпанските медиуми, Коста сака да заработува исто колку и Антоан Гриезман, поточно 20 милиони евра по сезона.

Шпанскиот интернационалец минатата сезона се врати во Атлетико по три сезони поминати во Челзи, а по неговиот трансфер назад во Мадрид, се согласи на плата од осум милиони евра по сезона и е меѓу најплатените играчи во тимот, но сега сака таа сума да биде двојно поголема. Мадридските таблоиди велат дека доколку оваа желба не му е исполнета, Коста ќе ги разгледа опциите за преселба во Кина, од каде што имаше понуди и пред да се врати во Атлетико.

Бразилецот со шпански пасош нема постигнато првенствен гол за „јорганџиите“ од февруари, додека очигледно е дека тој и Гриезман одлично соработуваат во нападот. Коста наводно му љубомори на својот клупски колега само поради финансиите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести