3.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Костадинов и Стојчевски едногласни: Дефанзивно бевме одлично, но во нападот фалеше реализација

Македонија имаше пет победи во пет меча на дуелите против Летонија, но таа перфектна низа заврши вечерва, откако на арената „Тодор Проески“ одигравме само 0:0 против аутсајдерот.

По мечот, нашите репрезентативци беа разочарани затоа што не победивме, а Тихомир Костадинов потенцираше дека недостасувал моментот кога требаше да ја затресеме мрежата на противникот.

„Ни недостасуваше тој гол да го постигнеме. Имавме свои шанси, но голманот на Летонија имаше доста добри интервенции. Секако дека посакувавме да постигнеме гол, но за жал не успеавме. Позитивно е тоа што повторно не примивме гол, но секако дека не сме задоволни од учинокот во нападот. Требаше да реализираме. Во Велс ќе се потрудиме да бидеме максимално подготвени за тој меч“, рече Костадинов веднаш по мечот.

И Андреј Стојчевски вели дека има разочараност поради резултатот.

„Секако дека има разочараност кај нас затоа што не победивме вечерва, Затоа што на секој натпревар одиме на победа. Терен како терен, тој е истиот и за двете селекции. Мислам дека во дефанзивата добро функциониравме, сепак ни недостигаше тој гол, таа офанзива. Ништо, што е тука е, одиме во Велс да покажеме што знаеме, да покажеме дека ништо не е случајно, да победиме и да го обезбедиме тоа второ место во групата Ј. Добра е атмосферата во репрезентацијата. Како што реков одиме на победа во Кардиф. Се надевам дека со три бода ќе се вратиме“ заврши нашиот дефанзивец.

- Оглас -

Најнови вести