Македонскиот фудбласки репрезентативец Тихомир Костадинов реши да биде активен и за време на паузата меѓу две сезони. Играчот за врска кој е роден во Валандово и има 19 настапи за македонската репрезентација, овојпат направи потег за памтење додека беше на трибина.
Костадинов заедно со својата девојка Моника беа на концерт на светски познатиот рок бенд „Coldplay“, а додека двајцата уживаа во хитовите, фудбалерот во еден момент клекна на колено и ја побара Моника за жена. Неговата девојка рече „Да“ и потоа се пофали со прстенот кој го доби од својот сакан.
Концертот беше во Варшава, главниот град на Полска, земјата во која сега настапува Костадинов и тоа за екипата на Пјаст Гливице.