Македонскиот фудбалер за врска, Тихомир Костадинов, од полски Пјаст Гливице се пресели во чешкиот тим Сигма Оломуц.
Костадинов е задоволен што потпишал за Сигма.
„Решив да играм за Сигма бидејќи мислам дека ова дефинитивно е чекор напред за мене. Чешката лига е една од 10-те најдобри лиги во Европа, па затоа ќе биде добар предизвик за мене. Имам многу пријатели кои играле и сè уште играат во чешката лига. Сите ми кажуваа дека е висококвалитетна лига и дека се игра брзо“, изјави Костадинов.
Тој ќе им се придружи на своите нови соиграчи пред тренинг кампот во Австрија, бидејќи моментално е на заслужен одмор по продолжената сезона и настапите за репрезентацијата на јунските мечеви.