Костакурта: Интер повторно е фаворит за шампионската титула во Италија

Легендата на Милан, Алесандро Костакурта, ги сподели своите очекувања за новата сезона во Серија А, која започнува овој викенд. Според него, и оваа сезона голем фаворит за Скудетото ќе биде Интер, кој триумфираше и минатата сезона.


Сепак, Костакурта смета дека овојпат тие нема толку лесно да стигнат до шампионскиот трофеј.

„Интер повторно ќе биде шампион бидејќи има најсилен тим. Секако, не мислам дека ќе го повторат напредокот што го покажаа минатата сезона. Сигурен сум дека следната сезона нема да биде повторено правилото од последните години дека шампионот се претставува слабо. Ако сме искрени, Милан и Наполи не беа фаворити во годините по нивните титули, но ова сега не важи за Интер“, истакна Костакурта за „Тутоспорт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести