Костакурта виде како Ибра му го урива рекордот, па се „расплака“ (Видео)

Алесандро Костакурта во својата богата играчка кариера даде само три гола, а едниот беше рекорден до вчера, затоа што легендата на Милан го даде на возраст од 41 година.

Синоќа Златан Ибрахимовиќ го урна тој рекорд и стана највозрасен стрелец на гол во историјата на Серија А. Костакурта „не можеше“ да се помири дека веќе не е рекордер.

„Еве плачам“ – рече популарниот Били и почна да глуми дека си ги брише солзите.

„Искрено, до вечерва не ни знаев дека сум бил најстар стрелец во историјата на лигата“ – додаде насмеаниот Костакурта, на кој воопшто не му е криво што веќе не е рекордер.

- Оглас -

Најнови вести