Стефани Фрапар од Франција ќе ја предводи историската четворка дами судии на фудбалски меч на Светско првенство, а на однесувањето на теренот ќе мора да вмимаваат Германците и играчите на Костарика.
Мечот ќе се игра задутре и е од последното коло во Е групата што ќе одлучува за нокаут-фазата.
На Фрапар ќе ѝ помагаат аутриктерките Ниуза Бек од Бразил и Карен Дијас Медина од Мексико.
https://twitter.com/fifamedia/status/1597663468198723584?s=20&t=uZcnmrl9icZiwas1s2BS6g
Фрапар е вистинска рекордерка кај дамите и прва судеше машки мечеви во еврокуповите и во Лига 1 во Франција во 2019 година, следната година и во Лигата на шампионите и лани во квалификации за ова Светско првенство што се игра во Катар.
Сега ќе биде и првата дама, главен арбитер на меч од машки Мундијал.
Во Е групата, табелата пред стартот на последното коло изгледа вака:
Шпанија има 4 бода и игра со Јапонија, селекција која има 3 бода. Костарика е со ист број бодови како Јапонците, а Германија е последна само со еден бод, но има шанси да се пласира во нокаут-фазата.
Ако две селекции имаат еднаков број бодови, прв критериум што одлучува е гол-разликата.