Костарика има фудбалски спектакл рамен на најдобрите на светот – Гореше Сан Хозе за победа на „Славните“ против моќните „Лавови“ (Видео)

Дуелите меѓу двете најтрофејни екипи во Костарика, Депортиво Саприса и Алајуеленсе секогаш се спектакуларни, а нова фудбалска фиеста имаше и ноќеска, во Сан Хозе.

Во реванш полуфиналето на Апертура во Костарика „Славните“ што е само еден од прекарите на тимот на Саприса ги победија вечните ривали „Лавовите“ на Алејуленсе со 2:0 и се пласираа во финалето на домашниот шампионат.

Атмосферата на стадионот „Рикардо Саприса Ајма“ во Сан Хозе беше спектакуларна и во режија на над 23 илјади гледачи достојна на најголемите и најпознати фудбалски дуели на планетата.

Во домот на Змејовите, како што го нарекуваат стадионот на 36-кратниот првак Саприса, имаше брутално добра атмосфера, а во такви услови падна 30-кратниот шампион Алејуленсе, е описот на дел од медиумите во Костарика.

Unreal atmosphere in semifinal game between Saprissa and Alajuelense in Costa Rica. from soccer

Во финалето Саприса го чека подобриот од двомечот меѓу Хередијано и Пунтаренас, а ривалот ќе се знае утре.

Првиот меч заврши без голови, па 29-кратниот шампион Хередијано е фаворит за ново финале и нова битка за титула меѓу две од трите најтрофејни екипи во Костарика.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести