Костески: Малку недостигаше да ги победиме Унгарците

Ракометната репрезентација на Македонија одигра одличен меч против Унгарија, беше на прагот на победа, а на крајот ремизираше (27-27). Крилото Ненад Костески изјави дека само малку недостигаше, веројатно среќа и малку повеќе концентрација, да стигнеме до голем триумф.

„Малку недостигаше да ги победиме Унгарците. Бевме блиску до голем триумф, веројатно сега жалиме за испуштена победа, но одигравме одлично и горди сме. Ако продолжиме вака, ќе имаме одлично Светско првенство“, изјави Ненад Костески.

Втор предизвик за Македонија на мундијалот ќе биде селекцијата на Холандија.

- Оглас -

Најнови вести