Фудбалерите на Црвена ѕвезда забележаа голем триумф на гостувањето кај Малме со минимални 0-1 и тоа благодарение на голот на Василије Косто во 16-тата минута.
„Црвено-белите“ во оваа победа се искачија на десеттата позиција со 13 бода и во пресрет на последното коло имаат шанси и за влез во топ-8 екипите и привилегиран статус во разигрувањето.
Дербито на првата половина од денешната програма во Истанбул, помеѓу Фенербахче и Астон вила заврши со гостинска победа од 0-1. Решавачкиот погодок беше дело на Џејдон Санчо во 25-тата минута, а Фенербахче иако упати дури осум удари во рамки на противничкиот гол, сепак, на крајот остана со празни раце.
На врвот од табелата сега има трилинг екипи со по 18 бодови и ќе биде навистина интересно во последното коло не само за првото место, туку и за пласман меѓу најдобрите осум.
Резултати:
Болоња – Селтик 2-2
Бран – Мидтјиланд 3-3
Фенербахче – Астон вила 0-1
Феенорд – Штурм Грац 3-0
Фрајбург – Макаби ТА 1-0
Малме – Црвена ѕвезда 0-1
ПАОК – Бетис 2-0
Плзен – Порто 1-1
Јанг бојс – Лион 0-1

