Коцкестите го оставија светскиот првак без победа во Лигата на нациите (видео)

Хрватска и Франција ги поделија бодовите при ремито од 1-1 кое се одигра на „Пољуд“ стадионот во Сплит.

Светскиот шампион е без победа по две кола во новиот циклус во Лигата на нациите, со само еден освоен бод во групата 1 каде што уште се Австрија и Данска.

Дидие Дешамп се одлучи да комбинира со составот за овој дуел. На клупата за резерви ги седна големите ѕвезди Карим Бензема, Килијан Мбапе и Антоан Гриезман, што се покажа како погрешна одлука иако е потребен одмор за останатите мечеви.

Резултатот го отвори Рабио во 52-та минута по еден опасен контра напад на гостите, за Крамариќ дури во 83-тата минута да израмни на конечни 1-1 од белата точка. Гриезман важи за трагичар на мечот откако промаши два големи зицери при водство на Франција со кои можеше да ги реши сите дилеми.

Останати резултати:

Летонија 1-0 Лихтенштајн, Исланд 1-1 Албанија, Белорусија 0-0 Азербејџан, Словачка 0-1 Казахстан, Андора 0-0 Молдавија, Австрија 0-0 Данска (во тек).

- Оглас -

Најнови вести