Хрватскиот тренер Нико Ковач во изјава за англиските медиуми демантираше дека ќе биде наследникот на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул. „Нема никаква вистина во моето преземање на Ливерпул“, рече Ковач, со што само се потврдија неофицијалните информации дека португалскиот тренер, Рубен Аморим, останува прв кандидат за наследник на Германецот.
Информациите за Ковач и Ливерпул изненадувачки се појавија во јавноста, иако шансите за такво нешто реално беа многу мали. Хрватот во својата тренерска кариера беше селектор на својата татковина, а ги предводеше и Ајнтрахт Франкфурт, Баерн Минхен, Монако и Волфсбург.