Ковач доби отказ, Мурињо има голем ривал за тренерското место во Баерн?

Нико Ковач не го преживеа дебаклот од Ајнтрахт Франкфут и вечерва и официјално доби отказ од Баерн Минхен. Ковач дојде во Баерн од тимот на Ајнтрахт, а токму вчерашниот пораз во Франкфурт од 5:1 беше кобен за да добие шут-карта.

Како привремен тренер на Баерн ќе биде Флик, а набрзо треба да се најде и постојано решение за испразентото тренерско место. Како главни фаворити за нов тренер на Баерн се Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри. Двајцата докажани тренер веќе подогло време немаат клуб, а најавија дека ја чекаат вистинската шанса за повторно да се вратат во европскиот фудбал.

Мурињо неодамна откри дека учи и германски јазик, бидејќи тој е еден од ретките главни европски јазици кои не ги знае. Дали Мурињо ја чекаше токму оваа ситуација и ќе биде назначен за нов тренер на Баерн ќе видиме наскоро.

- Оглас -

Најнови вести