Нико Ковач го казни Ренато Санчес, откако Португалецот на Твитер го критикиваше тренерот на Баерн Минхен. Ремито на премиерата во Бундеслигата против Херта донесе нови проблеми во таборот на германскиот првак, а настрада младиот офанзивец.
Санчес е казнет со 10 илјади евра, а и раководството на Баерн ја подржа одлуката на тренерот НИко Ковач.
„Сите че добијат шанса да играат, бидејќи сезоната е долга. Млад играч како Ренато Санчес треба да биде стрплив, а не да користи социјални мрежи за критика“, изјави Карл Хајнц Румениге, голема легенда и на Баерн и на светскиот фудбал.
Санчес влезе во игра против Херта во 85. минута, при резултат 2:2, а со реми и заврши премиерниот меч во Бундеслигата, што е изненадување и неуспех за Баерн.