Ковач вечерва за последен пат ќе го води Баерн Минхен?

Баерн Минхен влезе во серија лоши резултати, посебно во домашното првенство, па веќе заостанува девет бода зад лидерот Борусија Дортмунд. Токму затоа речиси е сигурно дека најтрофејниот германски тим ќе направи смена на тренерската функција.

Нико Ковач беше донесен пред почетокот на сезоната и се веруваше дека тој е вистинското решение, но сега мислењето е поинакво. По неочекуваното реми на „Алијанц арената“ против Фортуна Дизелдорф, за тоа како Ковач го води тимот се побуниле и дел од главните ѕвезди во Баерн.

Челниците на баварскиот гигант најавија дека нема да има никакви промени сè додека не се одигра мечот против Бенфика во Лигата на шампионите. Баерн вечерва пред своите навивачи има шанси да го обезбеди местото во нокаут-фазата од ЛШ, но најверојатно ни тоа нема да биде доволно за Ковач да си ја спаси работата.

Според пишувањата на германски „Билд“, Ковач веќе им оддржал проштален говор на играчите и се очекува само вечерва да заврши дуелот со Бенфика, па да си замине.

 

 

- Оглас -

Најнови вести