Баерн Минхен ја одбрани титулата во Бундеслигата по денешниот триумф над Ајнтрахт Франкфурт од 5-1. И покрај турбулентната сезона, Баварците ја надополнија бодовната негатива од Борусија Дортмунд и стигнаа до 28-та титула во германскиот шампионат, предводени од хрватскиот стратег Нико Ковач.
Токму Ковач ќе беше најголемата жртва ако Баерн не ја освоеше титулата, а одредени медиуми во Германија веруваат дека и покрај одржувањето на шампионскиот статус, тој нема да остане на кормилото на Баварците.
Сепак, така не мисли и самиот Ковач. На последната прес-конференција, еден новинар го праша дали Румениге и Хенес му ја доверија работата и за следната сезона, а Ковач одговори: „Хм, да, ајде да кажеме дека ќе останам“.
Инаку, Ковач стана втор човек во историјата на Баерн кој ја освоил шампионската титула како играч и како тренер. Претходно тоа му успеа само на легендарниот Франц Бекенбауер.