Раководството на Баерн Минхен е подготвено да му врачи отказ на Нико Ковач. Поразот во дербито против Б. Дортмунд од 3-2, е само дел од причините што челниците на баварскиот гигант размислуваат да доведат нов стратег кој ќе им ја спаси сезоната.
Ретко кој очекуваше дека Баерн по првиот дел од сезоната ќе ја дели четвртата позиција во Бундеслигата со Анјтрахт Франкфурт со по 20 бода, што создаде незадоволство и кај некои ѕвезди во составот. И покрај тоа што управата пред извесно време се истакна дека целосно го поддржува Ковач, тие наводно веќе контактирале со Зинедин Зидан.
Баерн сака да го ангажира екстренерот на Реал Мадрид, кој им донесе три европски титули во последните три години. Зидан засега стои цврсто до одлуката дека нема да работи до крајот на оваа сезона, што значи дека понудата од германскиот гигант мора да биде доста примамлива за да му го сменат мислењето.