Матео Ковачиќ се врати на тренинзите на Челзи за првпат по октомври кога се повреди, а сега пак ќе мора да паузира и веќе е во карантин по позитивниот тест на Корона-вирус.
Хрватскиот интернационалец практично имаше само еден тренинг со соиграчите, од октомври кога се повреди и пак ќе мора да отсуствува.
„Вчера беше на тренинг со нас, а денеска е во изолација, бидејќи има позитивен тест на Ковид-19. Бевме свесни дека може да бидеме во негодна ситуација и со повеќе заразени играчи. Ми е жал за Матео, но таква е реалноста и се надеваме дека набзро се ќе се нормализира“, изјави Томас Тухел, менаџерот на Челзи.
Утре актуелниот европски првак ќе му биде гостин на Зенит и ако победи ќе ја заврши фазата по групи на првото место пред Јувентус, а и двете екипи ќе играат во нокаут фазата во Лигата на шампионите.