Покрај клубовите од Премиер лигата, и голем дел од тимовите низ најсилните европски лиги имаат проблеми со заразени со омикрон варијантата на ковид-19.
Таков е и случајот со Реал Мадрид, каде што на вчерашните тестирања Лука Модриќ и Марсело се покажаа позитивни, а денеска пак, дури петмина ги имале истите симптоми.
Утринскиот тренинг кој требаше да се одржи во 09:30 часот е откажан сè додека не дојдат резултатите од останатите фудбалери.
Сите тие што се позитивни ќе мора да бидат најмалку 10 дена во изолација, и ќе ги пропуштат натпреварите против Кадиз и Атлетик Билбао.
Во текот на овој ден ќе бидат објавени имињата на останатите позитивни играчи, а несомнено е дека и тие ќе мора да одат во изолација, со што ќе му се зададат големи проблеми на тренерот Карло Анчелоти.