Ковид-19 и брзите Јапонки беа кобни за Хрватска

Женската ракометна репрезентација на Јапонија приреди изненадување со победа од 28:26 против Хрватска во последното коло од Г групата на Светското првенство.

По ваквиот исход и двете селекции одат во следната фаза, но Јапонките со два бода, а Хрватска со ниту еден.

Популарните Каубојки имаа многу проблеми со ковид-19 и не им играа три ракометарки, хендикеп што не успеаја да го надоместат против одличните Јапонки. Лидерот Бразил лесно го победи Парагвај со 33:19 и со максимални четири бода ќе почне во новоформираните групи.

Резултати: Аргентина – Куба 36:24, Бразил – Парагвај 33:19, Чешка – Словачка 24:23, Тунис – Конго 24:33, Данска – Јужна Кореа 35:23, Хрватска – Јапонија 26:28, Германија – Унгарија 25:24, Шпанија – Австрија 31:19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести