Барселона ќе има нешто поголеми шанси за подвиг против Баерн во меч од Лигата на шампионите што ќе се игра во Минхен на 8. декември, а поради Ковид-19 ќе нема публика во Минхен.
Баварија е сериозно загрозена со новиот бран на панедмија со корона-вирус, па донесена е одлука мечот да се игра без присуство на навивачи.
Тоа е добра вест за барса, бидејќи Баерн за нив е најнезгодниот ривал во последно време.
Каталонците примија дури 14 гола на последните три дуели со Баварците, а се уште се памети катастрофата од 8:2 на „Камп Ноу“ лани.
Новиот меч меѓу двата гиганти ќе биде последен во фазата по групи, а Баерн веќе обезбеди настап во нокаут фазата, бидејќи по четири кола има максимален учинок од 12 бода, со фантастична гол-разлика од 17:2.
Барселона е втора со шест бода и за четири дена ќе и биде домаќин на Бенфика, екипа со 4 бода на третото место во Е групата.
Истиот ден, на 23. ноември Баерн ќе му гостува на последнопласираниот Динамо Киев и со реми сигурно ќе биде прв во Е групата.