Ковид-19 и повредите ја десеткуваа младинската чета на Канатларовски

Новиот селектор на младинската репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски, се соочува со големи проблеми пред квалификациските дуели со Франција и Србија во септемврискиот циклус за настап на ЕП, а остана без четворица фудбалери.

Марио Младеновски од Ботев Пловдив, Адријан Хајдари од Рапид Виена и Димитар Тодоровски од Работнички имаат позитивн тестови на kовид-19 и тие нема да играат на 2 септември во Ле Ман против Франција и на 7 септември против Србија во Охрид.

Популарниот Цапар остана и без Амел Рустемовски, играч на швајцарскиot Вил, кој е повреден и нема да допатува во Скопје на мини-подготовките што се во тек за двата септемвриски дуели.

Се очекува Канатларовски дополнително да повика нови играчи за дуелите со Франција и со Србија.

„Располагаме со квалитетен тим, се надевам дека ќе ги оствариме поставените цели пред почетокот на овој квалификациски циклус. Фокусирани сме максимално на првиот натпревар и дуелот со селекцијата на Франција. Нè очекува тежок меч, но ова е фудбал и сѐ e можно. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло и се надеваме на позитивен почеток во квалификациите на тешкото гостување во Ле Ман. Франција е топ-фаворит во групата и тешко е да се ветува каков било резултат. Имаме право да ветиме дека ќе дадеме максимум од нашите можности и тоа ќе го направиме“, вели Арбен Воша, младинскиот репрезентативец од редовите на Македонија Ѓорче Петров.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести