Ковид-19 и во Јувентус!

Јувентус потврди два позитивни случаи на ковид-19 во своите редови. Заразените се работници во клубот и веќе се сместени во самоизолација. За секој случај, сите фудбалери од првиот тим и тренери се сместени во посебен карантин со цел да се избегнат дополнителни проблеми со опасниот вирус во пресрет на дербито против Наполи.

Корона-вирусот продолжува да прави проблеми во Серија А, откако Џенова е најмногу погодена со повеќе од 20 активни случаи изминативе денови, од кои дури 17 заразени се играчи.

Елиф Елмас, нашата млада ѕвезда, заедно со Зјелински се двајцата позитивни во тимот на Џенаро Гатузо, но тоа нема да попречи да се одигра утрешната пресметка на „Алијанц“ стадионот во Торино.

- Оглас -

Најнови вести