Ковид-19 почна да ги декласира и зимските спортови – Откажани се ски-скоковите во Сапоро

Сезоната во ски-скоковите почнува идниот викенд со натпреварување во Висла, во Полска, но веќе почнаа и откажувањата.

Пандемијата со Ковид-19 се разгоре повторно, што е причина Јапонците да ги одложат натпреварувањата во ски-скокови во Сапоро за сезоната 2020/21, која се уште не е почната.

Познатиот јапонски ски-центар требаше да биде домаќин на најдобрите планетарни летачи на скии на 6. и на 7. февруари, но токму Сапоро во моментов е жариште на кризата со корона-вирусот, па нема да има натпреварување во атрактивната зимска дисциплина во февруари.

- Оглас -

Најнови вести