Фабијан Руис, играчот за врска на Наполи, е единствениот член на екипата кој доби позитивен тест за ковид-19, по што според протоколот му следува двонеделна самоизолација, додека пред мечот со Фиорентина ќе има нова рунда тестирања во таборот на Наполитанците.
Еден од клучните играчи на Џенаро Гатузо ќе го пропушти утрешниот дуел против Фиорентина, а нема да игра ниту во италијанскиот Суперкуп против Јувентус, дуел кој е закажан на 20 јануари.
Елиф Елмас е меѓу играчите кои добија негативни тестови, што значи дека македонскиот бисер ќе му биде на располагање на Гатузо во следниот период.