Ковид-проблем кај Русите на ден пред дуелот со Белгија

Руската фудбалска репрезентација потврди еден позитивен случај на ковид-19 во својот состав на ден пред премиерниот меч за Зборнаја против Белгија на стартот од ЕП.

Андреј Мостојов е фудбалерот кој се соочи со проблеми и бидејќи мора да помине одреден период во самоизолација, селекторот Черчесов го го отстрани везниот играч од составот и го замени со дефанзивецот Ронан Евгениј.

Надежите се дека на овој начин ќе се спречи ширењето на вирусот, кој од претходно прави проблеми и во останати репрезентации како во шпанската со заразениот Серхио Бускетс, а го има и во редовите на Шведска, позитивен е Дејан Кулушевски.

- Оглас -

Најнови вести