Ковид-циркус во Реал, голманот Куртоа вчера беше позитивен, денеска негативен

Реал Мадрид со официјално соопштение потврди дека Тибо Куртоа е позитивен на ковид-19, а веќе денеска белгискиот голман направи два теста и двата се негативни, па чека од Ла Лига и од локалните власти од Мадрид да добие дозвола да брани на дуелот со Хетафе на 2 јануари.

Куртоа за Божик беше во Дубаи и таму „закачи“ корона-вирус, беше „сигурно“ дека нема да се врати на голот пред дуелот со Валенсија на 8 јануари, но ситуацијата се смени за 24 часа и тој можеби сепак ќе биде на голот на Реал и в недела.

По еден негативен тест имаат Федерико Валверде и Едуардо Камавинга, а Винисиус и понатаму е позитивен, па тој дефинитивно нема да игра со Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести