32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Кожув го декласира Пелистер на дуелот во Гевгелија

Пелистер доживеа тежок пораз на гостувањето кај Кожув (91-73) вo 16. коло од Првата кошаркарска лига, разочарувајќи ги своите навивачи. Со овој триумф, гевгеличани ја прекинаа серијата од два последовни порази и се вратија на победнички пат.

Домаќините одиграа еден од најдоминантните натпревари оваа сезона против екипа од горниот дел на табелата, контролирајќи го резултатот од самиот почеток. Новиот тренер на Пелистер, Трајковиќ, сигурно не очекуваше ваков развој, бидејќи неговиот тим во ниту еден момент не успеа да се наметне и во одредени периоди губеше со повеќе од 25 поени разлика.

Во редовите на Кожув, Стевановиќ беше најпрецизен со 31 поен, додека Вилсон уфрли 16, а Бојчев, Пипелиќ и Колев по 13 поени. За Пелистер, Мишковиќ забележа „дабл-дабл“ со 19 поени и 11 скока, а Стојановски и Бојиќ додадоа по 11 поени.

- Оглас -

Најнови вести