Кожув и Осогово знаат да одиграат ефикасно, а на два од последните пет меча имаше по четири гола, а ако верувате дека ќе има и трета среќа, коефициентот во Sport Life е одличен и вреди да се одигра 4+ за квота од 3.45.
Двете екипи се во горниот дом од Втората македонска лига Исток и можат да одиграат порелаксирано, според вкусот на навивачите и со многу голови.
Во понудата на Sport Life има уште три натпревари од второлигашката конкуренција, а секако и најразлични комбинации на игри за типување на премиерниот дуел од 25. коло во домашната Прва Лига.
Во Ѓорче Петров, Македонија ќе и биде домаќин на екипата на Академија Пандев.во битка за важни бодови. Популарните Лавови од 15 часот денеска ќе тргнат во офанзива по трите бода, кои им се неопходни за да ја задржат дистанцата од најмалку 7 бода пред конкурентите, кои атакуваат на третото место што води во Европа.
Екипата чиј сопственик е Горан Пандев игра одлично, откако кормилото го презеде Александар Васоски. По стартниот пораз во дебито на клупата на струмичани, еден од нашите најдобри тренери го најде вистинскиот рецепт за успеси и нема пораз на пет меча по ред. Академците со три победи и две ремија побегнаа од опасната зона, но се уште се далеку од опстанок во првилигашкото друштво, па ќе се обидат да го изнанадат домаќинот.