Кошаркарската федерација на Македонија објави дека завршниот фајнал-ејт турнир во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка и во женска конкуренција ќе се игра во Гевгелија.
Организацијата му е доделена на КК Кожув од Гевгелија, па во периодот од 13 до 15 февруари во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија ќе се водат битките за трофеите во двете конкуренции.
Четвртфиналните двојки кај мажите се ТФТ – Гостивар, Пелистер – Чаир 2030, МЗТ Скопје Аеродром – Работнички и МКК Куманово – Кожув. Овие мечеви ќе се играат в четврток на 13. Потоа в петок се полуфиналињата, а финалето е закажано за сабота, 15 февруари 2025 година.
Жените играат фајнал-фор. В петок на 14 февруари се полуфиналињата Крива Паланка – Вардар и Баскет Кам – Бадел 1862. Финалето е наредниот ден.