Кознику: Модриќ загуби необично многу топки, можеби сонцето му пречеше

Хрватска и Албанија со ремито од 2-2 си ги искомпликуваа работите во трката за осминафиналето на ЕВРО 2024, и таму може да се најдат во случај на победа во последното коло, но и така не се сигурни.

Поранешниот напаѓач на Приштина и Хајдук, и некогашен репрезентативец на Хрватска роден на Косово, Ардијан Кознику, смета дека ремито е фер и реален исход.

Тој беше непријатно изненаден од бледата партија на капитенот Лука Модриќ.

„За него е излишно да се зборува, желбата и волјата на репрезентацијата се различни кога тој е во игра. Но, вистината е дека загуби многу топки, некои од кои сосема нелогично беше да ги загуби. Сакаше да помогне, покрива, трча, се труди, но не беше оној Лука што го знаеме и од Реал и од репрезентацијата. Не е лесно да се игра на таа позиција, мораше постојано да спринтува горе-долу, а се играше во високо темпо. Можеби и жештината беше проблем, мечот се играше во 15 часот, половина терен беше на сонце, а 20-годишен играч може полесно да се справи од 35-годишен играч на топло време. Кога работев во Кувајт, младите локални играчи кажуваа колку е убав и пријатен денот, а јас не можев да дишам. Модриќ не беше очаен, но не беше ниту врвен, што не значи дека нема да биде против Италијанците. Будимир беше многу критикуван против Шпанија, но денеска одигра фантастично и ја извади Хрватска. Секоја чест за Албанија, многу ми е драго што играат добро, дадоа гол против Италијанците и два против Хрватска, имаат многу млади играчи на кои ова им е прво евро, тоа е големо искуство за нив“, изјави Кознику за хрватските медиуми.

 

- Оглас -

Најнови вести