33.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Крадец влегол во домот на Роналдо во Мадеира и украл потпишан дрес од Јувентус

Крадец оперирал во домот на Кристијано Роналдо во Мадеира за време на вчерашниот пријателски меч меѓу Португалија и Шпанија. Крадецот успеал да украде неколку безвредни предмети, но и потпишан дрес од Јувентус, чија вредност е околу 200 евра.

За среќа, во домот на Роналдо немало никој, а со помош на сигурносните камери натрапникот е откриен и полицијата веќе работи на случајот.

Според локалните португалски медиуми, крадецот влегол во куќата преку влезот од гаражата и не се задржал многу, па затоа и повредните предмети не се украдени.

- Оглас -

Најнови вести