Крадец во соблекувалната на ПСЖ, краде од соиграчите

Пари Сен Жермен е клубот со најголем број на фудбалски ѕвезди. Во соблекувалната на едно место може да се најдат Меси, Нејмар, Мбапе, Рамос, Ди Марија, Донарума и уште голем број на ѕвезди.

Тоа што не се знаеше е дека меѓу 32-цата првотимци на ПСЖ има и крадец. Перснел Кимпембе јавно призна дека во еден момент додека седел во соблекувалната, му го украл парфемот на соиграчот Тил Кехер.

„Не знам да го кажам ни името на парфемот, но е неверојатно добар. Го украдов од Тил. Во еден момент тој помина покрај мене и мирисаше неверојатно добро. Го прашав од што мириса така добро, а тој ми го покажа парфемот. Пријателу Кехер јас ти го украдов парфемот, ќе мора да најдеш нов за тебе“, призна Кимбемпе, кој на годишно ниво заработува два милиони евра и е еден од оние фудблаери со поскромен договор, ако се знаат астрономските суми кои ги заработуваат најголемите ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести