Кога во 2010 година се појави како 18-годишник, Сами Амеоби се најавуваше како голема тинејџерска ѕвезда. Се промовираше во дресот на Њукасл, а потоа играше и за Мидлсборо, Кардиф, Болтон, Нотингам. Во 2021 година потпиша за Мидлсборо, но не одигра ниту еден натпревар, а потоа стави крај на кариерата, иако имаше само 30 години. Одигра 53 меча во Премиер лигата и дури 191 натпревар во Чемпионшип.
Во играчката кариера Сами Амеоби, кој е брат на многу попопуларниот Шола Амеоби, заработи осум милиони евра, а веќе нема никаква допирна точка со фудбалот. Тој сега работи како помошник во една занаетчиска работилница и има плата од 420 евра неделно. Очигледно дека парите кои ги заработи како фудбалер веќе се потрошени и дека мора да се наоѓаат нови извори на егзистенција.
Подзаборавениот Амеоби повторно се појави во центарот на јавноста откако заврши на суд во Честер поради една сообраќајна несреќа. Во ноември минатата година Амеоби со својот автомобил удрил една девојка и потоа воопшто не застанал да ѝ помогне. Амеоби пред судот се изјаснил како виновен и се извини.
„Очигледно дека тоа што го направив беше погрешно. Да бидам искрен, во тој момент се уплашив и се испаничив“, рече Амеоби пред судот.
🇳🇬 Former Newcastle winger Sammy Ameobi has today pleaded guilty at Chester Magistrates’ Court too failing to stop after an accident and having no insurance, from an incident that happened on the 12th November 2024.
The winger, who went on to play for Bolton, Nottingham Forest… pic.twitter.com/RQNfVN5Ilh
— Magpie 24/7 (@Magpie24_7) January 22, 2025