Крај на бајката на Бодо/Глимт, ПСЖ доминира во Лондон, и Реал пред четвртфинале

Со победа од 5-0 над Бодо/Глимт по продолженија откако во регуларните 90 минути беше 3-0, Спортинг Лисабон стана прв четвртфиналист во Лигата на шампионите.

Со тоа заврши бајката на Бодо кој беше најпријатно изненадување во ЛШ, вечерва беа тотално немоќни. Во четвртфиналето, португалскиот тим ќе се сретне со Арсенал или Баер Леверкузен, нешто што не се очекуваше откако првиот дуел во Норвешка го доби Бодо со 3-0. Розенборг остана единствен норвешки тим кој стигнал до четвртфинале во ЛШ.

Пред влез во четвртфинале се ПСЖ кој веќе води со 2-0 против Челзи среде Лондон и сега има вкупни 7-2, Кварацхелија и Баркола ја тресеа мрежата, како и Реал Мадрид кој има предност од 1-0 против Манчестер сити со гол од пенал на Винисиус, а Сити до крај ќе игра со човек помалку по исклучувањето на Бернардо Силва.

- Оглас -

Најнови вести