Крај на чудесната серија: Шпанските футсалери по 13 години загубија дома

По 13 години и 97 последователни натпревари, шпанската футсал репрезентација загуби на домашен терен во пријателски дуел против Бразил со конечни 3-1. На вчерашниот спекткал, кој се одржа во Мадрид пред повеќе од 9.000 гледачи, беше прекината една од најдолките серии во историјата на футсалот.

Седумкратниот европски првак доби вистинска лекција од „кариоките“, кои одиграа речиси перфектен натпревар. Уште во првото полувреме Бразил ги постигна трите погодоци, а домаќините се утешија со еден почесен гол во вториот дел.

https://www.youtube.com/watch?v=Fha1WQRMeSI

- Оглас -

Најнови вести