Крај на драмата: Барселона денеска ќе го регистрира Дани Олмо!

Барселона уште ги нема регистрирано Дани Олмо и Пау Виктор, фудбалери кои беа дел од клубот во првиот дел од сезоната, но на 31 декември заврши нивната регистрација. Денеска е последниот ден кога Барселона има шанса да успее да си ги врати фудбалерите во својот состав. Олмо и Виктор моментално се избришани дури и од челниците на Примера дивисион, но од каталонската престолнина доаѓаат позитивни вести за фановите на Барселона.

Каталонското радио, но и дел од новинарите пишуваат дека денеска е денот кога челниците на Барселона конечно ќе стават крај на целата драма.

„Сè покажува на тоа дека Дани Олмо и Пау Виктор повторно ќе бидат на листата на регистрирани фудбалери. Барселона ја има собрано речиси комплетната документација и се чини дека сега нема да има проблеми. Но, сепак ќе мора да се почека. Оваа ситуација ја следат сите останати клубови“, синоќа напиша новинарот Алфредо Мартинес, а исти се најавите и на други медиуми.

- Оглас -

Најнови вести