Крај на драмата: Реал Мадрид ќе патува во Севиља и ќе го одигра мечот против Барселона!

Финалето на шпанскиот Куп помеѓу Барселона и Реал Мадрид дефинитивно ќе се одигра како што беше и претходно планирано, откако „кралскиот“ клуб со соопштение информираше дека ќе патува за Севиља. Според шпанските медиуми, фудбалерите на Реал Мадрид во сабота во 13 часот ќе полетаат за Андалузија.

„Клубот знае дека несоодветните изјави дадени од судиите кои треба да го судат овој меч, дадени на само 24 часа пред финалето, не можат да го засенат спортскиот настан од глобално значење, кој ќе го следат стотици милиони луѓе. Реал Мадрид не може да одбие да учествува во натпреварување од почит кон сите навивачи кои планираат да одат во Севиља, како и кон сите оние кои веќе се во главниот град на Андалузија. Реал Мадрид знае дека фудбалските вредности мора да преовладаат и покрај непријателството и негодувањето што судиите делегирани за финалето уште еднаш го покажаа кон нашиот клуб.“ – се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Раководството на „кралскиот“ клуб ги бојкотираше сите настани кои беа организирани на ден пред финалето, како што се прес-конференцијата, официјалниот тренинг, фотографирањето и заедничката вечера. Причина за бојкотот беше прес-конференцијата на судиите кои истеканаа дека преку клупската телевизија на Реал Мадрид се прави притисок врз нив.

- Оглас -

Најнови вести