Крај на една ера: Аријан Адеми денеска го игра последниот натпревар за Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, денеска ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Динамо Загреб, по што кариерата ќе ја продолжи во кинескиот шампионат во екипата на Пекинг Гуан.

„Мислам дека дојде време за разделба. Не сакам ниту еднаш на себе да го ставам грботна Динамо ако не можам да го дадам најдоброто од себе, да го дадам максимумот. Тоа не е фер кон навивачите и кон дресот на Динамо“, рече Адеми.

Адеми последниот натпревар за Динамо ќе го одигра на „Максимир“ против Ријека, тимот против кој го одигра првиот натпревар како играч на Модрите.

Адеми во Динамо пристигна во 2010 година од Шибеник во трансфер вреден 400.000 евра и во изминатите 13 години, на секој натпревар го даваше максимумот и за навивачите тој е најголемиот капитен во историјата на клубот, тој е капитенот Динамо.

- Оглас -

Најнови вести