Крај на една ера: Ливерпул потврди дека Салах си заминува на крајот од сезоната

Мохамед Салах ќе си замине од Ливерпул на крајот од сезонава, потврдија од англискиот клуб. Со ова се става крај на деветгодишната соработка меѓу еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и еден од најдобрите клубови во светот. Двете страни постигнале договор за крај на соработката, а Салах инсистирал што е можно поскоро тоа да биде јавно познато за да осигури целосна транспарентност.

Салах дојде во Рома во летото 2017 година и за брзо време се промовира како еден од главните игачи на овој тим, а сега, по девет одиграни сезони, ќе си замине како вистинска легенда. Со Салах во составот Ливерпул се радуваше на две титули во Премиер лигата, а ги освојуваше и пехарите во Лигата на шампионите, Светско клупско првенство, УЕФА Суперкупот, ФА купот, двапати Лига купот и трофејот во Комјунити шилд.

Салах вкупно досега одигра 435 меча за Ливерпул и постигна 255 гола, што е доволно да биде на третото место на вечната листа на најдобри стрелци. Покрај многуте личи признанија, тој четирипати ја осојуваше и Златната копачка во Премиер лигата наменета за најдобриот стрелец во сезоната.

„Здраво на сите. За жал, дојде денот. Ова е првиот дел од моето збогување. Го напуштам Ливерпул на крајот од сезоната. Би сакал да почнам со тоа што ќе кажам колку овој клуб, навивачите и градот станаа дел од мојот живот. Ливерпул не е само фудбалски клуб. Тоа е страст, дух, историја… нешто што зборовите не можат да го опишат. Славевме победи и трофеи, но исто така заедно поминавме низ тешки времиња. Никогаш не е лесно да се замине бидејќи тука се чувствував најдобро во мојот живот. Овој клуб секогаш ќе биде втор дом за мене и за моето семејство. Ви благодарам на сите бидејќи поради вас никогаш нема да одам сам“, рече Салах.

- Оглас -

Најнови вести