Крај на една ера: Мохамед Салах налето се сели во Саудиска Арабија!

Мохамед Салах веќе девет години е дел од Ливерпул, период во којшто одигра 426 натпревари со ефект од 251 гол и 119 асистенции, но оваа ера на „Енфилд роуд“ завршува налето.

Иако репрезентативецот на Египет има договор до 2027 година, конфликтот со Арне Слот и раководството на Ливерпул, но и големиот пад во формата, се клучни за заминување на Салах.

Интерес за него има од Ал-Итихад и тој треба да биде новата голема ѕвезда на оваа екипа по заминувањето на Карим Бензема. Ливерпул веќе се согласил да не бара големо обесштетување и тоа да биде „симболична“ сума, па сега се чека уште „да“ од самиот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести