На последниот ден од февруари 2022 година се случи завршување на една доминација во тенисот. Новак Ѓоковиќ од денеска и официјално не е најдобриот тенисер во светот. Русинот Данил Медведев е новиот број 1 на АТП-листата.
Русинот е првиот тенисер од 2004 година, кој стигна до првото место на АТП-листата, а да не е дел од „големата четворка“. Во изминативе 18 години на врвот се менувале само Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Енди Мареј.
Ѓоковиќ беше на врвот 361 недела по ред. Последен пат Ноле бил на второто место во јануари 2020 година. Според пресметките, Србинот на кратко повторно ќе се врати на врвот на 14 март, затоа што Медведев ќе загуби поени од ланскиот АТП во Марсеј.
На денешната АТП ранг-листа, Медведев е прв со 8.615 бодови, Ѓоковиќ е втор со 8.465, а на третото место е Зверев со 7.515 поени.