21.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Крај на една ера: Саул го напушта Атлетико Мадрид по 17 години

Ерата на Саул Њигес во Атлетико Мадрид ќе заврши летово. Фудбалерот кој 17 години мина во дресот на „јорганџиите“ го раскина договорот и кариерата ќе ја продолжи во турското првенство, во екипата на Трабзонспор.

Њигес во Атлетико пристигна на 14-годишна возраст од академијата на градскиот ривал Реал Мадрид. За време на престојот во Атлетико беше испраќан на позајмици во Рајо Ваљекано, Челзи и Севиља, а за „јорганџиите“ настапи на 427 натпревари.

30-годишниот фудбалер во дресот на Атлетико Мадрид освои по еден трофеј од Ла Лига, Купот на кралот, шпанскиот Супер куп, европскиот Супер куп, но и два трофеи од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести