Серхи Роберто и официјално повеќе нема да биде дел од екипата на Барселона. Тој беше член на Каталонците од 2009 година, ги мина сите младински категории, а потоа преку екипата Б стигна и до капитен на првиот состав.
Договорот му истече, но тој не е во плановите на Ханси Флик и е слободен да си бара нова средина. Серхи Роберто за Барселона одигра вкупно 373 натпревари, на кои постигна 19 гола, а имаше и 43 асистенции.
Триесет и двегодишниот фудбалер нема да има проблем да најде нов клуб. Тој неодамна изјави дека сака да игра во Премиер лигата, но отворени опции за него се Саудиска Арабија, американската МЛС-лига, како и екипите на Фиорентина и Комо, кои изразија желба да го ангажираат.