Дани Карвахал е вистинска легенда на Реал Мадрид, ги мина сите младински категории, беше дел и од Кастиља, пред да ѝ се приклучи на првата екипа во 2013 година, откако претходно една сезона мина и во Баер Леверкузен.
Сепак, неговиот договор истекува налето, а 34-годишниот десен бек и дефинитивно ќе си замине. Кралевите не се задоволни од неговите игри, а самиот фудбалер не е задоволен од минутажата која ја добива, па јасно е дека Карвахал ќе мора да бара нова фудбалска средина, но сепак како опција е и пензија од фудбалот.
Карвахал за Реал Мадрид настапи на 438 натпревари, постигна 14 гола и имаше 65 асистенции, но освои и 27 трофеи.

